Еве како се прават реформи-што се направи францускиот претседател за кратко време

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд за само неколку месеци откако дојде на власт ги намали платите на сите државни службеници за 25 насто, на пратениците за 33 насто, а на другите високи државни службеници кои заработуваат над 800.000 евра годишно им ја намали платата за 40 насто. Од тоа без да чепне во буџетот веќе има 4 милијарди евра со кои ќе ги финасира самохраните и невработени мајки.

Оланд ги укина сите протоколарни возила и ги даде на продажба на аукција.

Парите од продажбата ги намени за изградба на големи инфраструктурни проекти во неуредените предградија.

Објави и документ кој содржи 12 алинеи каде на сите државни претпријатија им ги укнинува службените возила. Оланд верува дека секој раководител кој заработува 600.000 евра годишпно може да купи автомобил. Ако тоа не го направи или е скржав или е неспособен или корумпиран, а на државните претпријатија според него не им требаат такви луѓе.

Со ова се добиваат 345 милиони евра кои од 15 август веќе се инвестираат во нови истражувачки институти за модерни технологии за што вработи 2560 млади научни истражувачи.

Тој одби да се запише фискалното право во Уставот, но со претседателски декрет го зголеми данокот на сите семјства чиј нето годишен буџет изнесува над 5 милиони евра. Со тие пари, без да го чепне буџетот, оваа година ќе вработи 59.870 образовани кадри, а од 1 септември уште 12.500 наставници и професори во државните институции.

На цркватаи го укина износот од 2,3 милијарди евра со кои се финансираа приватни училишта. Со овие пари сега ќе се градат 4.500 државни детски градинки и 3.600 нови училишта.

На банките кои ќе инвестираат во развој на домашното стопанство им даде даночни олеснувања, а на банките кои работат само со парични трансакции им го зголеми данокот.

Цела Европа се плаши од овие шокирачки мерки. Но резултатите во Франција се тоа што нема инфлација, а продуктивноста и конкурентноста се зголемија за прв пат во последните три години.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски