Евакуирани летувалишта на Фиџи поради циклонот „Еван“

Од:

Повеќе од 3.500 луѓе се евакуирани денеска од познатите туристички места на Фиџи, откако циклонот „Еван“, кој е најсилен во изминатите 20 години го погоди архипелагот во Тихиот Океан, три дена откако бура однесе четири човечки животи и уништи над илјада домови во околната Самоа.

Циклонот „Еван“ донесе ветер со деструктивна сила со брзина до 270 километри на час и обилни дождови, што најверојатно ќе доведе до поплави, со оглед на тоа дека бурата се засилува при преминување на северозападната страна на главните острови на Фиџи – Вануа Леву и Вити Леву.

Туристичките летувалишта на многу острови на Фиџи станаа пусти, откако гостите беа сместени во привремени засолништа, а властите ги предупредија граѓаните да не изглегуваат надвор, додека трае тропскиот циклон „Еван“.

Властите наведоа дека службите за вонредни состојби се во состојба на готовност, додека болниците примаат само итни случаи.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски