Евакуирани 100.000 лица во Канада

Од:

Околу 100.000 жители од Калгари и околината се евакуирани поради поплавите кои го зафатија тој дел на Канада.

Поради обилните дождови дојде до излевање на реките Боу и Елбоу во олимпискиот град и ширум западниот дел на Канада.

Училиштата се затворени, а два хеликоптера и повеќе стотици војници се упатени во 24 населби.

Градоначалникот на Калгари Нахид Ненши ги повика граѓаните да ги напуштат домовите на неколку дена, а и полицијата патролира низ улиците.

Поројните дождови ги блокираа патните правци и мостови во делови на канадската покраина Алберта, но нема извештај за жртви и повредени, пренесе „Ројтерс“, иако претходно „Асошиејтед прес“ наведе дека најмалку едно лице загинало во поплавите кои го погодија југот на Алберта.

„Франс прес“ наведе дека во уште 12 места во соседните канадски провинции е прогласена вонредна состојба.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација