Евакуирана амбасадата на САД во Јемен

Од:

Американскиот Стејт департмент нареди итна евакуација на амбадсада на САД во Јемен, поради закани од терористичката мрежа Ал каеда, што резултираа со времено затворање на 19 американски дипломатски мисии на Блискиот Исток и северот на Африка.

Во соопштение на Стејт департментот се вели дека е побарано сите американски владини службеници во Јемен чие присуство не е задолжително, да ја напуштат државата поради сериозна закана од терористички напад.

Упатено е и предупредување до американските граѓани во Јемен да ја напуштат државата, а нивото на закана во Јемен е оквалификувано како „исклучително високо“.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД