Евакуиран сопругот на Камала Харис по пријава за бомба во средно училиште

Од:

Поради пријава за бомба агенти на американската тајна служба го евакуираа сопругот на потпретседателката на САД, Камала Харис, од средно училиште во Вашингтон. Покрај Даглас Емхоф, училиштето мораа да го напуштат и сите ученици и вработените.

Во САД февруари се одбележува како месец на Афроамериканската историја (Black History Month). По тој повод, сопругот на Харис, го посети средното училиште Данбар, прва институција установа од таков карактер во САД, која ја посетувале Афроамериканци.

Портпаролката на Емхоф изјави дека училиштето, заканата ја пријавило во американската тајна служба, која ги штити највисоките политички функционери во САД, но и нивните семејства. Потоа Емхоф е пренесен на безбедна локација.

– Мислам дека сите се безбедни. Зградата е сигурна, но немаме конкретни детали во овој момент, изјави портпаролот на училишните власти во областа на Колумбија.

Повеќе закани од бомби беа пријавени минатата недела, на најмалку десетина историски колеџи и универзитети, на кои студирале Афроамериканци, принудувајќи ги институциите да ја откажат наставата. Ова предизвика и страв кај Афроамериканските заедници.

Ниту на една локација не е пронајден експлозив, а овие закани ги истражува Федералното истражно биро.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД