Евакуиран романскиот премиер откако била нападната воената база во Кандахар

Од:

Воената база на НАТО во Кандахар синоќа беше нападната со ракети, поради што мораше да биде евакуиран и префрлен во бункер романскиот премиер Виктор Понта, кој е во посета на Авганистан.

Понта во Кандахар присуствуваше на церемонијата за обележување на почетокот за повлекување на романските војници од Авганистан. Со Понта во Авганистан се и министерот за одбрана Мирчеа Душа и заменик-премиерот Габриел Опреа.

Инцидентот се случил додека високите романски функционери ручале со романските војници. Понта, Опреа и Душа итно се префрлени во бункер. Премиерот и двајцата министри по десетина минути ја продолжија посетата, а во инцидентот никој не е повреден.

Понта во воената база положи венец во знак на сеќавање на 23 романски војници кои загинаа во Авганистан во изминатите 12 години.

– Ништо специјално не се случи. Жал ми е што не можев подолго да бидам со војниците.  Станува збор за мал инцидент, а ние во ниту еден момент не бевме во опасност, посочи Понта.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија