Британската полиција нареди евакуација на дел од аеродромот „Џон Ленон“ во Ливерпул поради неисправност на машината за скенирање.
Голем број луѓе објавија на социјалните мрежи дека им е наредено да ја напуштат главната аеродромска зграда.
Претставници на аеродромот изјавија дека се работи за технички проблем и оти не постои никаква опасност за патниците.