Евакуација на островот Хатерас покрај Северна Каролина поради бурата Артур

Од:

Американските власти наредија евакуација на жителите на островот Хатерас на атлантското крајбрежје покрај сојузната држава Северна Каролина поради приближувањето на тропската бура Артур.

Властите на локалните жители и на туристите на популарниот остров им препорачаа да го напуштат денеска што е можно побрзо со цел да ја избегнат евентуалната опасност.

Метеролозите прогнозираат дека бурата со себе ќе донесе поројни дождови и ветрови со брзина од над 110 километри на час.

Според метеоролозите Артур, првата тропска бура оваа сезона во моментов се наоѓа на околу 650 километри југозападно од Хатерас и се очекува на островот да пристигна утре изутрина, кога ќе зајакне и ќе се трансформира во ураган од прва каегорија.

Синоптичарите веќе ја предвидуваат трасата на движењето на Артур кон север и се издадени предупредувања за веројатната опасност во речиси целиот североисточен дел на САД, дури до Бостон, во државата Масачусетс.

Би можело да ве интересира

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев