Евакуација на населението во Северодвинск, поради зголемена радијација по експлозијата на ракета

Од:

Зголемено е нивото на радијација во рускиот град Северодвинск откако на 8 август во блиската воена база се случи несреќа во текот на тестирањето на ракета. Властите тврдат дека зрачењето е поголемо за четири до 16 пати, додека од Гринпис наведуваат дека радијацијата е за 20 пати поголема од нормалната.

Руското Министерство за одбрана првично соопшти дека зрачењето по несреќата останало на нормалното ниво и дека нема опасност за населението, но градските власти на Северодвинск сега соопштуваат за забележан краткотраен раст на нивото на радијација, пренесуваат британските медиуми.

На жителите на Ниенокс им е препорачано заради можноста опасност од радијација да ги напуштат своите домови се додека траат работите на местото на несреќата. Истовремено, лекарите и медициснкиот персонал кој им помагаше на повредените по несреќата биле испратени во Москва на дополнителни медицински испитувања.

Гринпис тврди дека нивото на зрачење е за 20 пати поголемо, додека руската метеоролошка агенција Роскидромет соопшти дека е забележан раст од четири до 16 пати.

Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинала најмалку пет лица.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он