Евакуација на населението поради поплавите во Канада

Од:

Војската на Канада почна евакуација на граѓаните од источниот дел на земјата поради попллавите што достугнаа максимално ниво.

Евакуацијата почна во саботата бидејќи се очекува да расте нивото на водата, а максимумот да го достигне в понеделник и во вторник.

Нивото на водата вчера продолжи да расте посебно во провинцијата Квебек, каде се распоредени околу 400 трупи.

Претседателот на Владата на Квебек, Филип Кујар предупреди дека следува најтешкото.

– Нивото на водата ќе почне да расте во следните два-три дена, изјави Кјуар по посетата на градот Ригауд, источно од Монтреал, кој се справува со поплавите повеќе од една недела.

Обилниот дожд и снегот што се топи доведе до излевање на реките и предизвика критична ситуација на подрачјето од Отава до Монтреал.

Провинцијата Квебек е најпогодена од поплавите, каде над 1.500 домови во 121 градови се под вода, а речиси илјада луѓе се евакуирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски