Евакуација на аеродромот во Манчестер поради сомнителен пакет

Од:

На аеродромот во англискиот град Манчестер во тек е евакуација, откако бил пријавен сомнителен пакет, изјави портпарол на аеродромот.

– По добиена дојава за сомнителен пакет, беше извршена контролирана евакуација на вториот терминал согласно стандардната процедура. Ние сме во близок контакт со полицијата во Манчестер, која е одговорна за реакција при вакви инциденти, истакна портпаролот.

Истовремено, аеродромот не соопштува за можни одложувања или откажувања на летовите од вториот терминал. Според веб страницата на аеродромот, се уште нема измени во распоредот на летови.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Манчестер Сити го совладаа тимот на Лестер на гостински терен со 2:0

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година