ЕУ: Зелено светло Летонија да стане 18-та членка на еврозоната

Од:

Министрите за финансии од 28 членки на ЕУ дадоа денеска зелено светло за влез на Летонија во еврозоната од 1 јануари 2014 година.

– Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ (ЕЦОФИН) донесе конечна одлука, одобрувајќи го членството на Летонија во еврозоната од 2014 година, соопштија претставници на Литванија, која во моментот е актуелен претседавач со ЕУ.

– Вистина е дека наредната година влегуваме во еврозоната, изјави летонскиот премиер Валдис Домбровскис, додавајќи дека тоа не се само добри вести за Летонија, туку за цела Европа и еврозона.

Летонија во текот на 2008-2009 година излезе од кризата и стана најбрзо растечка економија на ЕУ, со раст од над пет отсто во 2011 и 2012 година.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски