ЕУ за една година ги продолжи санкциите кон сирискиот режим

Од:

Европската унија одлучи за уште една година да ги продолжи санкциите кон сирискиот режим, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека санкциите се продолжени до 1 јуни 2023 година, поради притисокот врз цивилното население во Сирија.

Се наведува дека од списокот со санкции се отстранети три лица, а на списокот останале 289 лица и 70 организации. Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување, соопшти Анадолија.

Цел на санкциите беа бизнисмени и компании блиски до сирискиот режим.

Дополнително, мерките вклучуваат увоз на нафта, ограничување на одредени инвестиции, замрзнување на средствата на Централната банка на Сирија во ЕУ, ограничување на извозот на опрема и технологии кои ќе се користат за вршење притисок и следење на комуникациите во земјата.

Санкциите не го спречуваат испраќањето хуманитарна помош во Сирија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка