ЕУ воведува санкции против Венецуела

Од:

Европската унија ќе воведе санкции против Венецуела. Унијата ќе забрани извоз на оружје во Венецуела, ќе го замрзне имотот и ќе забрани патување на функционери блиски до претседателот Мадуро.

Одлуката на ЕУ за санкции кон Венецуела доаѓа откако САД воведе санкции против десет венецуелски функционери, кои ги обвини за поткопување на демократијата во земјата.

Тие го девалвирале изборниот процес во Венецуела, цензурирале медиуми и потпишувале корумпирани договори за дистрибуција на храна во земјата, која што се соочува со глад.

Николас Мадуро загуби на изборите одржани во декември 2015 година, по што следуваше суспендирање на овластувањата на Националното собрание, а во август оваа година на избори кои што беа бојкотирани од опозицијата, формираше ново Уставотворно собрание.

Во Венецуела се одржуваа масовни протести на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина