ЕУ воведува нов систем на рангирање на универзитети

Од:

Ирска промовираше пред Европската Унија нов систем за рангирање на универзитетите, наречен „U-Multirank“. Според ирскиор министер за образование Руаири Квин и еврокомесарката за образование Андрула Василиу, новиот систем ќе ги напушти типичните методи на рангирање на институции кои се фокусираат на истражувања.

Наместо тоа, ќе се фокусира на пет одделни области: квалитет на предавање и учење, интернационална ориентација, успех во размена на знаење, репутација за истражувања и придонес за регионален развој. Во првите истражувања на системот се очекува да се приклучат 500 водечки универзитети низ светот, а резултатите да бидат објавени на почетокот на 2014 година.

Сегашниот систем на рангирање не ги одразува потребите на сите засегнати, вклучувајќи ги и студентите, бизнисот и владите, а покрај тоа до сега американските универзитети ги доминираа интернационалните рангирања, но отсега најверојатно на врвот ќе бидат европските и азиските универзитети.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски