ЕУ: Водечките земји од Западен Балкан потребно е да имаат надежна перспектива

Од:

За да биде ЕУ пообединета, ќе биде потребно „водечките земји“ од Западен Балкан, кандидатки за пристап во ЕУ, да имаат надежна перспектива. Ова е наведено во документите, кои денеска беа презентирани од Европската комисија, а се однесуваат на намерата на институцијата за периодот по 2025 година, јави БТА.

Комисијата, исто така, предлага за овој иден период, и ЕУ за да биде подемократска, да се одреди постојан и одговорен европски министер за економија и финансии. ЕК ќе предложи да биде зголемена ефективноста на раководството на ЕУ – веројатно со назначување единствен претседател на Комисијата и на Европскиот совет.

Комисијата планира догодина да даде предлози за поголема ефикасност и доследност во спроведувањето на заедничката надворешна политика на ЕУ, како и за иднината на политиката во областа на енергетиката и заштитата на природата.

ЕК следната година ќе предложи, на Европското јавно обвинителство да му се дадат дополнителни овластувања, за да може да се вклучи во борбата против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан