ЕУ во паника што на европратеничка не и бил дозволен влез во Русија

Од:

Европската унијата денеска жестоко реагираше што на пратеничката во Европскиот парламент, Ребека Хармс, не и бил дозволен влез во Русија, со оглед на тоа што Русите на „црната листа“ на Унијата за руски политичари и бизнисмени, одговориле со идентична, при што на листата била и Хармс и некои други европски политичари.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Маја Коцијанчич, посочи дека Брисел е изненаден што Руската Федерација не била транспарентна и не ја објавила претходно листата со забрана за влез на одредени лица од Униајта во Русија, со што и Хармс би знаела дали е на „црната листа“ или не, а не да се соочи со тој факт на лице место.

Според претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, пак, на Ребека Хармс, како ко-претседавач на Групата на „Зелените“ во ЕП, вчера и бил забранет влезот во Русија каде таа отпатувала со цел да го набљудува судењето на украинскиот пилот Надежда Савченко. Челникот на ЕП силно го осуди дипломатскито неуспех, посочувајќи дека истиот „е загрижувачки неуспех за односите меѓу ЕУ и Русија“.

– Руската амбасада во Брисел ќе добие протестно писмо со повик до Владата на Руската Федерација да ја повлече оваа одлука. Целосно е неприфатливо да се задржат пасошот и документите на избран член на Европскиот парламент и да му се закануваат дека влегувањето во Русија ќе се смета за кривично дело – ќе рече Шулц.

Сепак, одлуката да се направи „црна листа“ со европски политичари и пратеници во ЕП со забрана за влез во Русија од страна на Федерацијата е логичен одговор на европските санкции. Ова посебно што забрана за влез на територијата на Унијата, меѓу повеќето членови на руската Дума, доби и контроверзнио пратеник Владимир Жириновски и тоа само поради вербален деликт, односно за изјава дека „Украина треба да се подели“.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ