ЕУ треба да ги зајакне границите, сметаат чешките политичари

Од:

Највисоките чешки политичари се согласни дека треба да се зајакне заштитата на сите надворешни граници, јави дописникот на МИА од Прага.

Според изјавата на претседателите на двата Дома на Парламентот кои се сретнале со претседателот на државата Милош Земан, доколку актуелните мерки кои се преземаат поради миграциската криза не помогнат Чешка треба да ги зајакне своите граници и да ја ангажира и Армијата.

– Се согласивме дека навистина постои потреба да се фокусираат напорите да се изврши притисок врз Европската унија за создавање единствена политика која ќе биде ефективна, ефикасна, за да ги задржиме бегалците на африканскиот континент, во арапскиот свет, рече Милан Штех, претседателот на Горниот дом на Парламентот- Сенатот.

Штех додаде дека доколку тоа не функционира, не останува ништо друго освен значително да се зајакне заштитата на чешката граница со можна форма на вонредни воени вежби.

Претседателот на Долниот Дом на Парламентот Јан Хамачек изрази уверување дека Чешка се уште успева да ја совлада зголемената миграција.

Тој смета дека најдобар простор за подобрување на ситуацијата е во обезбедување на здравствена заштита за бегалците и поддршка на болниците во близина на објектите за мигранти.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски