ЕУ со заложба за борба против системскиот расизам кон лицата со африканско потекло

Од:

На денот за борбата против расна дискриминација, Европската унија ја повторува својата заложба да се справи со системскиот расизам на континентот.

ЕУ потсетува дека според статистиките од 2018 година, 39 отсто од европските граѓани со африканско потекло пријавиле некаква форма на дискриминација во претходните пет години и дека расната дискриминација вод кон насилство и конкретни пречки за инклузивноста во општестовото.

Иако контроверзен во многу земји, ЕУ официјално го користи терминот системски расизам во својата денешна декларација.

-Системскиот расизам е длабоко навлезен во сите области на општеството и структурите и ја загрозува промоцијата, заштита и остварувањето на човековите права на сите луѓе. ЕУ ги препознава постојните предизвици и е решена да се справи со нив, стои во декларацијата.

За оваа цел ЕУ во септември минатата година усвои акциски план за антирасизам чија цел е не само да се идентификува и реши расизмот на индивидуално ниво туку и на структурно ниво.

Но, потсетува ЕУ, оваа заложба мора да биде придружена од конкретни мерки и дела.

На овој ден ЕУ потсетува и дека во октомври минатата година е усвоен засилен план за еднаквост и интеграција на Ромите, кои се исто така мета на расизам, исклучување, насилство и дискриминација во Европа.

-Борбата против расизмот бара постојано лидерство и посветеност од сите институции. Таа бара и мобилизација од сите нас, ширум сите генерации и заедници. Да работиме заедно за свет во кој нема место за расизмот и да водиме преку пример.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски