ЕУ со осуда за заканите и кршењето на правата на новинарите

Од:

Европска унија ги осудува растечките закани и кршење на правата на новинарите, истакна високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини по повод трети мај – Меѓународниот ден на слобода на медиумите.

– Слободата на медиумите е од големо значење за демократиите. Се одбележува денот во многу тешка ситуација за новинарите. Нападите врз слободата на изразување и слободата на медиумите се зголемуваат во цел свет, истакна Могерини.

Таа додаде дека слободни и независни медиуми се обврзни за заштита на демократијата во сцетот. Слободата на медиумите и слободата на изразување се основа на демократијата и придонесуваат за подобро општестви и за прекин на конфликтите.

Могерини наведе дека ЕУ е загрижена за бројните закани и кршења на правата на новинарите и медиумските работници и оти од сите држави очекува да ги исполнат преземените обврски за заштита на слободата на изразување и заштита на новинарите.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он