ЕУ со остра осуда и најава за санкции откако Путин најави признавање на сепаратистичките региони во Украина

Од:

Европската унија најави санкции за инволвираните, откако рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за признавање независност на т.н. Доњецка и Луганска народна република

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Фредерика Фон дер Лајен најостро ја осудуваат одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи со признавањето на областите Доњецк и Луганск, кои не се контролирани од властите во Украина, како независни ентитети.

„Овој чекор е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорите од Минск“, се истакнува во заедничкото соопштение од Мишел и Фон дер Лајен.

„Унијата ќе реагира со санкции против инволвираните во овој незаконски чин“, најавија ЕУ дипломатите.

Унијата ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин сака да ја ослабне Украина

Трамп: Зеленски и Путин се за крај на војната

Путин му рекол на Трамп дека сака да ја прекине воената разузнавачка помош за Украина

Бела куќа: Трамп и Путин се согласија дека војната треба да заврши со траен мир

Путин нареди 30-дневен прекин на нападите врз украинската енергетска инфраструктура

Заврши разговорот Трамп-Путин: Светот денес стана многу побезбедно место

Горан Наумовски