ЕУ со критики за егзекуциите во Белорусија

Од:

Европската Унија бара мораториум од белоруските власти врз смртната казна.

По двете тајни егзекуции во Белорусија месецов, Европската Унија се огласи со критики до властите во оваа земја. Смртната казна е спротивна на вредностите на ЕУ како и на Унверзалната декларација за човекови права, потсетува ЕУ.

-Применувањето на смртната казна е спротивно на декларираната волја на Белорусија да разговара за оваа тема со меѓународната заедница вклучително и ЕУ, потсетува ЕУ во соопштение.

-Воведувањето мораториум од страна на белоруските власти врз употребата на смртната казна како прв чекор кон нејзина аболиција би било позитивен развој, бара ЕУ.

Унијата смета дека “опипливи чекори“ од страна на Белорусија кон почитувањето на универзалните човекови права остануваат “клучни“ за обликувањето на политика на ЕУ кон оваа земја во иднина.

Оваа година имало четири егзекуции во оваа земја, и уште две лица чекаат да бидат егзекутирани.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски