ЕУ смета дека претседателските избори во Белорусија не биле слободни и се закани со санкции

Од:

Европската унија денеска оцени дека претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои нов мандат, не биле „ниту слободни, ниту фер“.

Во изјавата на високиот претставник за безбадносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, од името на 27-те држави членки, се закани дека Брисел „ќе преземе мерки против одговорните за насилството, неоправданите апсења и фалсификување на изборните резултати“ во Белорусија.

Претходно, пак, од белоруското МНР изјавија дека има докази за странско мешање во земјата.

„Белорусија е подготвена за конструктивен дијалог со странските партнери и може да обезбеди убедливи факти за странско мешање во актуелната ситуација во земјата, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

„Ние предлагаме објективно и без емоции да се разбере што, како и зошто се случува денес во Белорусија. Ние сме подготвени за конструктивен и што е најважно – објективен дијалог на оваа тема со сите странски партнери. Ние сме подготвени да презентираме непобитни факти кои ја откриваат позадината на тековни настани, вклучително и интервенција од странство“, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Белоруското МНР го оквалификува како неприфатливи изјавите на серија европски лидери за претседателските избори во земјата.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски