ЕУ следната година ќе воведе биометриски шенген визи за Русите

Од:

Европската унија во април 2015 година ќе воведе биометриски шенген визи за Русите, соопшти денеска за ТАСС портпаролката на еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром.

-Новите барања немаат ништо заедничко со европските санкции против Русија, подвлече порпаролката Тове Ернст.

ЕУ планира од идната година во Русија да го пушти во работа визниот информативен систем, што посебно се однесува на губењето на биометриски податоци. Точниот датум на воведувањето на процедурата се уште не е утврден, но засега се предвидува тоа да се случи на почетокот на април 2015 година, рече претставничката на еврокомесарот.

Кога ЕК ќе ја донесе одлуката за датумот ќе зависи од техничката подготвеност на сите земји од ЕУ за почнување на процедурата.

Системот не е разработен само за Русија, туку тој од 2011 година веќе е активен на Блискиот исток, Јужна Африка, Јужна Америка, Централна Азија, Северна Америка и други земји, прецизира Ернст.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски