ЕУ: Сите страни да го почитуваат договорот за прекин на огнот

Од:

Европската унија го поздрави договорот за прекин на огнот во Источна Украина, нагласувајќи дека сите страни мораат да го почитуваат и применуваат.

– Го поздравуваме договорот за прекин на огнот постигнат во Минск на состанокот на Контакт групата. Договорот мора да го почитуваат сите страни и во целост да го применуваат, се наведува во соопштението на ЕУ.

ЕУ изрази надеж дека тоа ќе биде прв чекор кон одржливо политичко решение, базирано на почитување на суверениетотт и територијалниот интегритет на Украина, пренесува ИТАР-ТАСС.

Протоколот за прекин на огнот во Источна Украина потпишан во Минск стапи во сила вчера во 18 часот по локално време, а Киев и проруските сили соопштија дека ги прекинуваат акциите.

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Украина: Западните мировници би можеле да патролираат по воздушен и морски пат

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност