Европската унија денеска соопшти дека засега не е убедена оти во Сирија е употребено хемиско оружје.
– Се уште имаме потреба од дополнителна оценка и од истрага на самото место, изјави портпарол на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, Мајкл Ман.
Тој истакна дека употребата на оружје за масовно уништување е целосно неприфатлива, при какви и да било услови.
– Се уште проверуваме дали се случило тоа. Очекуваме истрагата на ОН да утврди на самото место што всушност се случило. Веројатно режимот не ги почитува многу човековите права, додаде Ман.