ЕУ: Руските граѓани не се повеќе заштитени со Европската конвенција за човекови права

Од:

Европската Унија изрази жалење што поради инвазијата на Украина од страна на Русија, руските граѓани нема повеќе да ја уживаат заштитата на Европската конвенција за човекови права откако Русија беше исклучена од Советот на Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одлуката за исклучување на Русија од Советот на Европа беше донесена вчера од страна на комитетот на министри на Советот, врз основа на ставот на Парламентарното Собрание на оваа организација.

Советот на Европа е надлежен за заштита на човековите права, за него е поврзан и Судот за човекови права во Стразбур и неговата Конвенцијата.

Со исклучувањето на Русија, руските граѓани нема повеќе да можат да се обратат до Стразбур во случај на прекршување на нивните темелни права.

Европската Унија смета дека Руската Федерација е виновна за ова бидејќи одби да стави крај на воените дејствија во Украина веднаш и безусловно, и со тоа ги наруши основните начела на Статутот на Советот на Европа и на Обединетите Нации.

-Како резултат на однесувањето на Русија, руските граѓани нема повеќе да ја уживаа заштитата што ја обезбедува Европската Конвенција за човекови права ниту да се обратат пред Европскиот суд за човекови права во случај на нарушување на човековите права. Ова е многу загрижувачки и уште една рестрикција на правата на руските граѓани, реагираше дипломатската служба на ЕУ.

Европската Унија уште еднаш им изрази поддршка на бранителите на човековите права, демократските сили, слободните медиуми и независното граѓанско општество во Русија и го повика Кремљ да го почитува меѓународното хуманитарно право.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот