ЕУ разгледува нови санкции против Венецуела

Од:

Европската унија разгледува воведување нови санкции против Владата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро, но не и ембарго на нафтата, соопшти министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела.

– Целта е санкциите да се воведат на поединци, наместо дополнително да ја ослабнат веќе слабата економија, рече Абела.

ЕУ од ноември 2017 година воведе ембарго на извоз на оружје и техничка опрема на Венецуела поради внатрешната репресија, како и забрана за патување и замрзнување на сметки на 18 функционери, кои се обвинети за кршење човекови права и поткопување на демократијата.

Експертите сметаат дека санкциите на ЕУ до сега имале мало или никакво влијание врз политиката на Мадуро.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ