ЕУ: Ракетното тестирање не е прекршување на договорот за иранската нуклеарна програма

Од:

Иранската балистичка ракетна програма не е дел од меѓународниот договор (за иранската нуклеарна програма), па затоа тестирањето на балистичката ракета не го прекршува договорот, изјави денеска претставник на Европската комисија.

– Европската унија е загрижена за иранската ракетна програма и го повика Техеран да се воздржи од дејствија што го поткопуваат договорот, како на пример ракетни испитувања, додаде претставникот на ЕК.

ЕУ очекува Иран да ги исполни сите свои меѓународни обврски.

ЕУ ќе ги задржи воведените ограничувања во однос на иранската ракетна програма за период од осум години од нивното усвојување во 2015 година, или додека Меѓународната агенција за атомска енергија заклучи дека сите нуклеарни материјали во Иран се користат за мирољубиви цели.

– Дали тестирањето на балистичката ракета е во спротивност со соодветната резолуција на Советот за безбедност на ОН, ќе процени советот, додаде претставникот на ЕК.

БТА јави дека Иран денеска одбил да потврди дали во земјата биле извршени тестирања со балистичка ракета.

Според Техеран, ракетите „не се констуирани да носат нуклеарни боеви глави“.

Советот за безбедност на ОН на Иран со резолуција му забрани тестирања на балистички ракети приспособени да носат нуклеарни боеви глави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 80 проценти од ракетите ја погодија целта тврди Иран, Израелците велат нема извештаи за повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Предупредување од САД дека Иран подготвува ракетен напад, Израел одговори дека ќе има последици

Катерина Ѓуровски