ЕУ привремено го забрани увозот на украинско жито во пет земји-членки

Од:

Европската комисија привремено го забрани увозот на пченица, пченка, маслодајна репка и сончоглед од Украина во пет земји-членки на ЕУ, со одредба дека овие производи сепак ќе можат да минуваат низ овие земји и да бидат во слободен промет во сите други земји членки и да продолжи со извозот.

Комисијата наведува дека станува збор за „привремена, превентивна мерка“, која е неопходна со оглед на исклучителните околности на сериозни логистички тесни грла во пет земји-членки – Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Во исто време, Бугарија, Унгарија, Полска и Словачка ветија дека ќе ги укинат едностраните мерки што ги донесоа за забрана на увоз на пченица, пченка, маслодајна репка и сончоглед од Украина. Романија не воведе еднострани мерки.

„Целта е да се ублажат логистичките тесни грла поврзани со овие производи во Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. Мерките ќе стапат на сила на 2 мај и ќе траат до 5 јуни 2023 година“, соопшти Комисијата. Во овој период, овие производи ќе продолжат да бидат во слободен промет во сите земји-членки на Европската унија, освен во петте земји-членки на линијата на фронтот.

Овие производи може сè уште да транзитираат низ територијата на тие пет земји-членки преку заедничката царинска транзитна постапка. Во овие пет земји-членки ќе може да се увезуваат житни култури само доколку се наменети за транзит кон други членки на Унијата или во трети земји.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина