ЕУ предложи итно организирање на „Женева 2“ за Украина

Од:

ЕУ предложи  одржување на втора министерска средба во Женева посветена на Украина што е можно побрзо, се наведува во заклучната декларација од денешното заседание на Советот на Унијата на ниво на министри за надворешни работи.

Советот дава целосна поддршка за што е можно побрзо одржување на нова женевска средба со цел да се постигне целосно спроведување на заедничката декларација од средбата во Женева на 17 април, се додава во денешната декларација.

Министрите на ЕУ ги повика сите страни да ги исполнат постигнатите договори, а исто така Русија да ја повлече својата војска од границите со Украина.

Претходно, постојаниот претставник на Русија во ЕУ, Владимир Чижов истакна дека Русија „не гледа смисла во организирањето на таква средба без претставници на украинските региони“.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала