ЕУ пред колегите од САД ќе го отвори прашањето за американските програми за набљудување

Од:

Високи функционери на Европската унија, во четврток, за време на трансатлантската министерска средба во Даблин, пред своите колеги од САД ќе го отворат прашањето за тајните американски програми за набљудување.

Германската канцеларка Ангела Меркел, исто така, ќе ја отвори оваа тема во разговорите со американскиот претседател Барак Обама, кој следната недела ќе го посети Берлин, соопштија американските медиуми.

Европската комисија денеска соопшти дека е вознемирена од постоењето на ваквите програми за почитувањето на личниот живот на граѓаните на ЕУ. Таа соопшти дека еврокомесарот за правда Вивиен Рединг во април разговарала со своите американски колеги за проблемите на почитувањето на личните податоци.

– Овој случај покажува дека правната рамка за заштитата на личните податоци не е луксуз или ограничување, туку основно право, изјави Рединг во реакција за случајот.

ЕУ и САД одамна ја разгледуваат заштитата на личните податоци како дел од преговорите за судската и полициска соработка.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ги оддржува врските со американските власти за да добие детали за откриените програми на САД за набљудување и да утврди дали има прекршувања на правата на германските државјани.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина