ЕУ повика за сојуз со арапските земји во борбата против тероризмот

Од:

Европската унија повика денеска за сојуз со арапските земји во борбата против тероризмот по смртоносните напади во Франција и апсењата на џихадисти во цела Европа.

– Неопходен е таков сојуз, треба да воспоставиме потесна соработка, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, која се сретна со генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал Араби.

Могерини учествува на денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите од Унијата, кои го подготвуваат дневниот ред на Европскиот совет следниот месец, во чиј фокус ќе биде борбата против тероризмот.

Некои од министрите нагласија дека е подобро да се соработува со муслиманските земји, отколку тие да се обвинуваат за проблемот.

– Тие и натаму ќе бидат во првите редови и ние треба да имаме тесна соработка со нив, за да ги заштитиме нив, но и земјите од ЕУ, изјави британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд.

Белгискиот министер за надворешни работи Дедие Рејндерс изјави дека полициските операции во Белгија од минатата недела за разбивање на осомничена мрежа на странски борци, покажуваат дека размената на иформациите е од клучно значење.

Белгија распореди кон крајот на минатата недела припадници на армијата, за да ги обезбедуваат јавните објекти и денеска додека министрите за надворешни работи заседаваат војниците ја обезбедуваа зградата на Европскиот совет.

Повеќето министри нагласија дека веројатно нема да има брзо решение за проблемот со странските борци и оти вистинскиот одговор е да се помогне во прекинот на конфликтите во Сирија и Ирак.

Би можело да ве интересира

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски