ЕУ повика на смирување на ситуацијата во Ирак по секоја цена

Од:

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел повика на смирување на ситуацијата во Ирак. Мишел е првиот претставник на ЕУ кој отворено реагира по американскиот воздушен напад кај Багдад, во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Треба да биде пресечен вртлогот од насилство, провокации и одмазди во последните недели во Ирак. Натамошното влошување на ситуацијата треба да се избегне по секоја цена, се посочува во соопштението на Мишел, цитирано од БТА.

Според него, „преголемата концентрација на оружје и милиции” им пречат на Ирачаните во враќањето кон секојдневните навики.
Мишел додаде дека постои опасност од ширење на насилството во целиот регион и од воскреснувањето на „мрачните терористички сили”, кои секогаш користат при религиозни и националистички тензии.

Пред два дена Мишел го осуди нападот врз Амбасадата на САД во Багдад, што доведе до нападот врз Сулејмани. Тогаш претседателот на Европскиот совет повика на почитување на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он