ЕУ денеска потврди дека преговорите за иранската нуклеарна програма ќе бидат обновени на 17. декември во Женева.
– Како што беше најавено на последната средба на групата „5+1“ на 24 ноември во Виена, политичките директори од групата и Иран повторно ќе се сретнат на 17 декември во Женева на нови еднодневни разговори за наоѓање целосно и долгорочно решение, се наведува во соопштението на дипломастаката служба на Унијата.
Техеран, исто така, потврди синоќа дека на овој датум ќе бидат обновени преговорите со големите сили – Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија плус Германија.