ЕУ потпиша договор за набавка на 30.000 дози од лекот „Ремдесивир“ за третман на Ковид-19

Од:

Европска Унија потпиша договор со американската фармацевстка компанија „Гилиад“ (Gilead) за набавка на лекот Веклури, познат под името Ремдесивир.

Од почетокот на август лекот ќе биде достапен за 30.000 пациенти со тешки симптоми на Ковид-19 во сите земји-членки на ЕУ и во Велика Британија.

Европска комисија соопшти дека за лекот издвоени се 63 милиони евра. Набавените дози се доволни за следните мнеколку месеци и оти ќе се обезбеди правична респределба на ниво на ЕУ.

Ремдесивир е првиот медикамент за лекување на новиот коронавирус кој доби дозвола на ниво на ЕУ. Според одобрението издадено овој месец, ремдесивирот е ефикасен во третманот на случаи на Ковид-19 кои се проследени со пневмонија и потреба од апарат за кислород.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он