ЕУ постигна конечен договор за формирање Европско јавно обвинителство

Од:

Министрите за правда од 20 држави од ЕУ постигнаа конечен договор за формирање Европско јавно обвинителство, специјализирано во борбата против злоупотреба на европски субвенции.

Седиштето на обвинителството ќе се наоѓа во Луксембург.

Во соопштение од Советот на ЕУ се нагласува дека Европското јавно обвинителство ќе биде, во извесни услови, орган што ќе врши истрага и ќе казнува за штети врз финансиските интереси на ЕУ.

Институцијата ќе се состои од Централно биро во Луксембург, каде ќе работат европски обвинители, и децентрализирано ниво, од друга страна, со делегирани европски обвинители во земјите членки.

Обвинителството ќе се занимава главно со истрага за измами со европски структурни фондови и ќе има, исто така, овластувања да врши истрага за измами со ДДВ од прекуграничен карактер за суми над 10 милиони евра.

Според ЕК, најмалку 50 милијарди евра годишно приходи од ДДВ не влегуваат во националните буџети поради таквите измами.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски