ЕУ објави нови препораки за патување, на сила стапуваат од 1 февруари

Од:

Според усвоените нови препораки на Советот на ЕУ, кои не се обврзувачки и им ја оставаат на земјите членки одлуката за нивната примена, вакцинација, тестирање или статус на закрепнување од Ковид-19, како што е потврдено со важечкиот дигитален сертификат на ЕУ за Ковид-19 , треба да бидат клучни детерминанти за патување.

Затоа, се препорачува да се применат мерки земајќи го предвид индивидуалниот статус наместо состојбата на регионално ниво, со исклучок на областите каде што вирусот циркулира на многу високо ниво.

Советот на ЕУ усвои препорака за „координиран пристап“ за да се овозможи безбедно движење за време на пандемијата на коронавирусот.

„Ова значи дека вакцинацијата, тестирањето или статусот на закрепнување од Ковид-19, како што е потврдено со валиден дигитален сертификат на ЕУ за ковид, треба да биде клучна одредница. Пристапот заснован на личност значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост на патниците“, рече Советот.

Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари 2022 година, од кога рокот на важност на сертификатот за ковид ќе се ограничи на 270 дена.

Би можело да ве интересира

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски