Европската унија најверојатно нема да воведе нови санкции за Русија, но на самитот во Брисел ги потврди санкциите кои што беа воведени по присоединување на Крим со Русија, пренесе „Франс прес“.
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини претходно го повика рускиот претседател Владимир Путин на радикална промена на ставот, оценувајќи дека руската финансиска криза не е добра вест за Европа и за остатокот од светот.
-Претседателот на Русија и други руски лидери треба да усвојат „кооперативен став“ во поглед на актуелните кризи – рече Могерини по доаѓањето на европскиот самит.
Е. Г.