По наводите што се појавија во медиумите за преговори помеѓу ЕУ и Русија за одобрување на вакцината Спутник V, од Европската комисија денеска демантираа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролот за здравство, Стефан Де Керсмакер, одговарајќи на новинарско прашање на редовниот брифинг за новинари во Брисел изјави дека не се преговара со Москва во овој момент.
-Во секој момент е можно Комисијата и земјите членки да го прошират својот протокол за вакцини, но во овој момент нема разговори во тек помеѓу преговарачките тимови на ЕУ и рускиот произведувач на вакцини, изјави портпаролот.