ЕУ му се заканува на Трамп поради царините: Ќе ја употребиме „базуката“, нашето најмоќно оружје

Од:

Европската унија соопшти дека е подготвена да го употреби своето најмоќно трговско оружје против САД, откако претседателот Доналд Трамп се закани со големи царини и рече дека ЕУ е создадена за да ја „измами“ Америка.

– Го имаме Инструментот против принуда (ACI) и ќе бидеме принудени да го користиме, изјави комесарот за земјоделство Кристоф Хансен во Париз по средбата со неговата француска колешка Ани Женевард на саемот „Салон де л’Агрикултура“.

Механизмот што тој го споменува, таканаречената трговска базука на ЕУ, беше дизајниран за време на првиот мандат на Трамп и првично беше наменет како средство за одвраќање од Кина.

Тоа ѝ дозволува на Европската комисија да ја ограничи трговијата со услуги ако процени дека некоја земја користи царини за стоки за да ја принуди ЕУ да ја промени политиката. Заканите на Трамп за царини спаѓаат во таа категорија, според европските претставници.

Кога ACI беше изгласан во 2023 година, некои европски претставници го нарекоа „базука“. Неговата примена овозможува широк спектар на одмазднички мерки, вклучувајќи го и прекинувањето на заштитата на интелектуалната сопственост и ограничувањето на комерцијалната експлоатација – што би можело да значи забрана за преземање софтвер и користење на услуги за стриминг.

ЕУ би можела да ги ограничи и странските инвестиции или да го блокира пристапот до европскиот пазар за американските банкарски, осигурителни и финансиски компании. Сепак, и покрај искуството со наметнување царини на стоки, ЕУ се двоуми да го прошири конфликтот во областа на услугите и интелектуалната сопственост.

Забелешките на Хансен дојдоа еден ден откако Трамп се закани дека ќе воведе сеопфатни царини од 50 проценти „на автомобили и сè друго“, предизвикувајќи бура од негодување во Европа. Политичарите јасно ставија до знаење дека е време за решителен одговор од Брисел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Разговрот Трамп-Путин нема никаков ефект, нема напредок, војната станува полоша

Катерина Ѓуровски

Трамп: Израел се согласува со условите за прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

Нема назад: Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Трамп вели ќе размисли дали да го депортира Маск

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дружбата се претвори во војна, Маск му се заканува на Трамп: Ќе загуби, па да ми е и последно

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Катерина Ѓуровски