ЕУ: Можно одложување на датумот за Брегзит

Од:

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави дека не ја исклучува можноста да биде одложен датумот на излегување на Велика Британија од Унијата, иако за таа одлука е неопходна едногласна поддршка од членките кои ќе побараат објаснување за тоа.

Блумберг, повикувајќи се на добро упатени извори, наведе дека ЕУ очекува британската премиерка Тереза Меј да побара тримесечно одложување. Барние рече дека сега е загрижен повеќе од претходно, но оти сè уште има шанси да се постигне договор за Брегзит, пренесува Танјуг.

– Тереза меј мора да ја добие поддршката од мнозинството за овој договор. Тоа е услов за да се оди понатаму, истакна Барние.

Самитот на ЕУ е закажан за 21 и 22 март, неколку ден пред планираното излегување на Велика Британија од Унијата, предвидено за 29 март.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година