ЕУ: Можните санкции на САД кон Меѓународниот кривичен суд се „лоша вест“

Од:

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Јосеп Борел, не сака да ја коментира најавата на американската администрација за санкции против Меѓународниот кривичен суд, но рече дека ја примил како лоша вест, јавува МИА.

„За ова дознав кога завршив со состанокот, ова е многу лоша вест, но сакам да бидам внимателен бидејќи не ги знам сѐ уште деталите, и не можам на сѐ да реагирам на лице место, рече Борел.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес даде зелено светло за санкции против персоналот на Меѓународниот кривичен суд за да спречи истрага за потенцијални воени злосторства на американски воени лица и разузнавачи во Авганистан.

Борел инсистираше дека ЕУ продолжува целосно да ја поддржува работата на Судот.

„Секако, ова е многу загрижувачки, ние како ЕУ сме силен поддржувач на Меѓународниот кривичен суд и можам да ја повторам поддршката за оваа институција. Судот играл клучна улога во обезбедувањето на меѓународната правда и справување со меѓународни кривични дека, тој е фактор на правда и мир и треба да биде почитуван и поддржуван од сите нации,“ додаде шефот на европската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД