ЕУ може да ги заостри санкциите кон Русија поради изборите во Донбас

Од:

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска не негираше дека е можно Европската унија да ги заостри санкциите кон Руската Федерација, доколку Москва ги признае резултатите на претседателски и парламентарни избори во самопрогласените „Народни републики“ во Лугањск и Донецк, закажани за 2 ноември.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија е подготвена да ги признае изборите во југоисточна Украина, предизвика повторно активирање на механизмите во Брисел за воведување на нови и заострување на псотојните санкции на Унијата кон Русија.

Коментирајќи го ставот на ЕУ по повод изјавата на Лавров, Коцијанчич истакна дека одржувањето на т.н. парламентарни и претседателски избори во реонот на Донбас би било во спротивност на Протоколот од Минск и на напорите за изнаоѓање одржливо политичко решение.

– Такво нешто нема да придонесе да се постигне чекор за деескалирање на состојбата во овој дел на Украина. А, што се однесува до санкциите на ЕУ кон Руската Федерација, тие се постојано под преглед и тие може да се менуваат цело време, според тоа како ќе се одвиваат настаните и ситуацијата на терен. Сепак, не би можела да шпекулирам ништо во моментов за тоа дали ќе воведеме нови санкции, посочи Коцијанчич.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ