ЕУ ќе соработува со трети земји во борбата против тероризмот

Од:

Лидерите на земјите-чланми на Европската унија синоќа на неформалниот Самит на Европскиот совет донесоа одлука за борба против тероризмот, при што побараа Брисел да соработува повеќе со трети земји за прашањата на безбедноста и борбата против тероризмот, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка и Сахел, но исто така и со државите од Западен Балкан, вклучително и преку нови проекти за градење капацитети.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ нагласија дека Европејците реагираа со длабока тага и силно единство на неодамнешните терористички напади во Париз.

Овие напади се случија врз темелните вредности и човековите права што се во срцето на Европската унија, а тоа се солидарноста, слободата, вклучително и слободата на изразувањето, плурализмот, демократијата, толеранцијата и човековото достоинство. Сите граѓани, според заклучоците, имаат право да живеат без страв, без оглед на нивните мислења или верувања. Затоа, Унијата вети дека ќе ги заштити своите заеднички вредности и ќе ги заштити сите од насилство врз основа на етничка или верска мотивација и расизам.

– Ова исто така значи борба против непријателите на нашите вредности. Ние и натаму ќе ја зајакнуваме акцијата против терористичките закани, во целосна согласност со човековите права и владеењето на правото. Денес ние се согласивме за следново во однос на тоа што ќе го работиме следните месеци: 1. Обезбедување на сигурност на граѓаните; 2. Спречување на радикализација и зачувување на вредностите; 3. Соработка со нашите меѓународни партнери, гласи заклучокот од неформалниот Совет на ЕУ.

Во однос на обезбедувањето сигурност на граѓаните, факт е дека безбедноста на граѓаните е итно потребна, нотираше Унијата и дека во тој поглед е потребно подобро да се имплементираат и понатаму да се развиваат алатките што ги имаме, особено за откривање и прекинување на терористите поврзани со патување, особено на странски терористички борци. Во тој поглед се побара законодавците на ЕУ итно да донесат силен и ефективен систем за снимање на имињата на европските патници, со цврсти гаранции за заштита на податоците.

Лидерите на Унијата сакаат да се направи целосна употреба на постоечката Шенген-рамка за да се зајакне и да се модернизира надворешната контрола на границите, со систематски и координирани проверки на поединците кои го уживаат правото на слободно движење врз основа на базите на податоци во врска со борбата против тероризмот што се засноваат на заеднички индикатори на ризик.

Европската комисија треба да донесе брзи оперативни насоки за насочена измена на Шенгенскиот граничен кодекс, каде што треба да се обезбедат постојани проверки, врз основа на предлог од Комисијата, спроведување на законот и судските органи со засилени информации за споделување и оперативна соработка, вклучително и преку Европол и Евроџаст. Исто така, потребно е сите надлежни органи да ја зголемат соработката во борбата против нелегалната трговија со огнено оружје, вклучувајќи и брза адаптација на релевантното законодавство.

Шефовите на државите договорија безбедносните служби на земјите-членки да ја продлабочат својата соработка, да ги зајакнат правилата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам, како и сите надлежни органи да ја засилат акција за пронаоѓање на финансиските текови и ефикасно да ги замрзнат средствата што се користат за финансирање на тероризам. Исто така, се бара работа во насока на донесување на мрежна и брза Директива за безбедност на информации, со оглед на значењето на кибернетската безбедност.

Во однос на спречување на радикализацијата и зачувување на вредностите, ЕУ-лидерите сметаат дека спречување на радикализацијата е клучен елемент во борбата против тероризмот и дека во тој поглед треба да се донесат инструменти со сеопфатен пристап за решавање на овој феномен. Тие апелираа да се превземат соодветни мерки во согласност со националните устави за откривање и отстранување на содржини од интернет што промовираат тероризам или екстремизам, вклучително и преку поголема соработка меѓу јавниот и приватниот сектор на ниво на ЕУ.

Се бара воспоставување на комуникациски стратегии за унапредување на толеранцијата, недискриминацијата, основните слободи и солидарност во Унијата, вклучително и преку засилен меѓуверски дијалог со цел да се спречат терористички идеологии, вклучувајќи и давање на глас на жртвите.

Европските лидери, исто така бараат иницијативи за образование, стручна обука, можности за работа, социјална интеграција и рехабилитација во судскиот контекст со цел справување со факторите што придонесуваат за радикализација, вклучително и во затворите.

Во однос на соработката со меѓународните партнери на ЕУ, се нагласува дека надворешните односи на ЕУ, исто така, мора да придонесат во борбата против терористичките закани, како што е ескалацијата во одредени делови од соседството на ЕУ, особено во Сирија и Либија. Во тој поглед, со цел решавање на кризи и конфликти, особено во јужниот соседството,Европскиот совет реши да се изврши стратешко преиспитување на европскиот пристап.

– ЕУ мора да се вклучи повеќе со третите земји за прашањата на безбедноста и борбата против тероризмот, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка и Сахел, но исто така и со земјите од Западен Балкан, вклучително и преку нови проекти за градење капацитети (на пример, гранични контроли) со партнерите и насочена поддршка од Унијата, се наведува во овој дел од синоќешните заклучоци на Советот.

Брисел бара и одржлив и координиран меѓународен ангажман во Обединетите нации и во Глобалниот форум за борба против тероризмот, како и со релевантните регионални иницијативи, како и дијалог меѓу културите и цивилизациите со цел промоција на основните слободи.

Во текот на последните неколку недели, Советот потенцира дека ја засилил својата работа во борбата против тероризмот и дека Европската унија ќе го вклучи целосно Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, како координатор на ЕУ и на земјите-членки за борба против тероризмот. Во април, Еврокомисијата ќе достави предлог за сеопфатна европска агенда на безбедност, а Советот ќе поднесе извештај за детално спроведување на овие насоки на Самитот во јуни.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он