ЕУ ќе проценува дали се потребни дополнителни мерки за Венецуела

Од:

Европската Унија реагира на последниот потег на режимот на Николас Мадуро во Венецуела со кој се исклучуваат опозициските сили.

Режимот на Мадуро најави дека ќе креира национално тело со неколку опозициски и малцински партии, но без поддршката на Хуан Гуаидо, кој го предводи Националното Собрание и е признаен од САД и повеќе западни држави како привремен претседател до организирањето на легитимни и веродостојни избори во Венецуела.

ЕУ повторува дека секој процес во Венецуела мора да биде кредибилен и да биде резултат на компромис со опозицијата, стои во реакцијата на службата на ЕУ за надворешна политика.

-ЕУ продолжува да верува дека политички договорено решение е единствениот мирен и одржлив пат надвор од кризата во Венецуела. Меѓутоа за да успее и за да биде веродостоен важно е секој преговарачки процес да има доволно политичка застапеност, поддршка од Националното Собрание, како и јасна политичка цел на водење на земјата до кредибилни претседателски избори, изјави портпаролката на службата за надворешни работи, Маја Коцијанчич.

ЕУ ќе ги разгледува можностите за преземање нови мерки за “враќање на демократијата, владеењето на правото и човековите права“ во Венецуела, додаваат од кабинетот на шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

-ЕУ повторува дека поддржува инклузивен и сериозен процес свртен кон резултати, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски