ЕУ ќе помага воен злосторник да гради кампови за бегалци

Од:

Тајни документи до кои дошле весникот „Шпигел“ и јавниот телевизиски сервис АРД откриваат план според кој Европската Унија планира да испрати опрема за камп за регистрација на бегалци во Судан. Оваа сиромашна држава е една од централните транзитни точки за бегалците кои што од источна и централна Африка се движат кон Либија и понатаму кон Италија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Според доверливите документи помошта вклучува и изградба на два кампа за бегалци од страна на Германската агенција за меѓународен развој (ГТЗ).

Контроверзниот план е спорен поради обвиненијата што против претседателот на Судан Омар ал Башир ги води Меѓународниот суд на правдата каде тој е осомничен за три дела на геноцид. Досега Башир во два наврати беше уапсен додека патуваше во Јужна Африка и во Уганда.

Според германските медиуми, планот требало да биде таен затоа што неговото откривање би можело да ја урне репутацијата на ЕУ.

„Поради никакви причини јавноста не смее да дознае што било разговарано на 23 март, преупредила Европската Комисија за време на состанок на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки“ пренесува Шпигел.

Според магазинот, и покрај тоа што ЕУ била свесна за опасноста опрема за надгледување и приведување да биде дадена на влади обвинети за геноцид и тортура планот предвидувал финансиска помош вредна 45 илиони евра за 8 земји кои што се сметаат за диктатура на „Рогот на Африка“ меѓу кои се Еритреа и Сомалија.

Извори во германското Министерство за Економска соработка и Развој велат дека договорот за помош на овие земји е обврзувачки. Според планот со упатената помош ЕУ се надева дека Судан ќе стане една од земјите каде што ќе се враќаат одбиените баратели на азил во ЕУ кои што доаѓаат од Африка. Судански претставници потврдиле дека германски експерти веќе ја посетиле земјата каде што разговарале за градење на камповите за бегалци.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он