Европската унија годинава ќе обезбеди уште 400 милиони евра за поддршка на Сирија и нејзините соседни земји, соопшти Европска комисија.
Средствата ќе бидат наменети за олеснување на животот на луѓето и ќе бидат насочени за хуманитарни и економски цели, како и за развој.
Вкупната сума која ја обезбеди ЕУ по повод сириската криза достигна 1,25 милијарди евра.
Според податоци на ЕК до почетокот на месеци бројот на жртвите во Сирија изнесува 93.000 луѓе, а 1,6 милиони лица се раселени.