ЕУ ќе обезбеди 20 милијарди за украинската одбрана во следните четири години

Од:

Европската унија во следните четири години ќе обезбеди 20 милијарди евра за потребите на украинската војска, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ објасни дека во рамките на Европскиот инструмент за мир, од кој ЕУ обезбеди воена помош за Украина, во следните четири години ќе има посебно поглавје со фонд од 5 милијарди евра годишно.

Новиот фонд за одбрана на Украина има за цел да обезбеди сигурност и предвидливост на европската помош.

Од февруари минатата година од Европскиот инструмент за мир се обезбедени 5 милијарди евра. Со овие средства на земјите-членки им се исплати обесштетување за оружјето и муницијата што и го доставија на Украина.

Шефовите на дипломатиите разговараа и за односите со Турција на последната средба пред летната пауза. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја услови својата согласност за прием на Шведска во НАТО со заживување на процесот на пристапување на Турција во Европската унија.

Борел на прес-конференцијата рече дека не може да се разговара само за тоа што ЕУ очекува од Турција, туку дека треба да ги гледаме работите од другата страна – што очекува Турција од ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија