ЕУ ќе им врати 868 милиони евра на европските земјоделци

Од:

Европската комисијата усвои регулатива за да ги врати паричните средства што биле намалени од директните плаќања во 2014 година, па поради тоа ќе им врати 868 милиони евра на земјоделците, јави дописникот на МИА од Брисел. Директната помош за европските земјоделци, претходно беше намалена за 868 милиони евра во фискалната 2014 година, со примена на механизмот за финансиска дисциплина.

Ова намалување беше неопходно за да се воспостават резерви поради земјоделската криза и да се обезбеди дека вкупните трошоци за мерки на пазарот и директна помош да останат до плафонот договоре со Повеќегодишната финансиска рамка за 2014 – 2020 година. Сепак, годинава, Комисијата утврди дека не е потребно да се користи кризната резерва, а поради руското ембарго, неискористените количини на Европскиот земјоделски гарантен фонд во буџетот за 2014 година беше мобилизиран за да се спречи намалување на исплатите за земјоделците.

Токму затоа, Еврокомисијата усвои регулатива која им овозможува на земјите-членки од 1-ви декември 2014 година да им надомести на земјоделците вкупно 868 милиони евра. Надоместокот треба да се направи најдоцна до 15-ти октомври 2015 година.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина